27.11.10

Конкурс за фестивалот Скопје 2011-национален избор за Евросонг

Македонската Радио Телевизија објавува конкурс за композиции кои ќе бидат изведени на фестивалот на забавни мелодии Скопје 2011- национален избор за Евросонг.

Победничката песна ќе ја претставува Република Македонија на 56-тото издание на Натпреварот за песна на Евровизија 2011 што ќе се одржи во мај во Дизелдорф-Германија.

Фестивалот ќе се одржи во месец февруари 2011 година. Композициите не смеат да бидат претходно изведени или ставени на носач на звук и не треба да траат повеќе од 3 минути. 

Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување и издавање на композициите кои ќе бидат примени на конкурсот.

На Фестивалот Скопје 2011 композициите ќе бидат изведени на македонски јазик. Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија.

На конкурсот да се испратат комплет аудио снимки, финална верзија,   доставени на аудио компакт диск (ЦД). Стиховите на песната да се приложат во 3 примероци. Целиот материјал да биде доставен под Шифра, а во посебен коверт податоци за авторите со контакт телефон.

Композициите треба задолжително да бидат испратени на адреса:

Македонска Радио Телевизија
За Забавна редакција на МТВ
Бул. Гоце Делчев  бб   
1000 Скопје
Со назнака: за ЕВРОСОНГ 2011

Конкурсот трае од 10 ноември до 15 декември 2010. Примените материјали не се враќаат.

преземено од www.mtv.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879