14.03.11

Никеја станаа полнолетни...

На 12-ти март скопскиот рок-состав Никеја го прославува својот 18-ти роденден, што значи дека станаа полнолетни.

Бидејќи периодот што измина беше доста турбулентен за рок музиката во Македонија, во овие 18 години Никеја покажа и докажа дека вистински го сака она што го работи, и по никоја цена не отстапи од концептот кој го носеа двата студиски албуми Двобој и Унисекс, компилацискиот Декада, како и голем број на синглови кои беа дел од различни изданија, меѓу кои вреди да се издвои антологискиот серијал Ризница.



Големиот број на концерти кои се случија во речиси сите градови низ земјата, па и во некои соседни држави само го потврдија битисувањето на Никеја како еден современ рок бенд. Честитаме!

По тој повод Никеја на сите посетители на МММ го подарува видео-записот од акустичниот концерт на МТВ за темата Краток спој.

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879