02.03.13

Златна бубамара за животно дело за Виолета Томовска

Доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска, ќе ја добие награда за животно дело на годинешното издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ Наградата на Виолета ќе и биде врачена на 21 февруари, во универзалната сала во Скопје, кога ќе се одржува оваа популарна манифестација

Ова признание на Томовска и се доделува за нејзиниот голем придонес и популаризација на македонската музика. Таа во својата богата музичка кариера ги има отпејано речиси сите македонски песни кои се дел од ризницата на нашето големо музичко богатство.

Нашата пејачка во својата 50 годишна кариера има настапувано секаде низ светот каде што има македонски иселеници, а има снимено преку 500 песни меѓу кои и незаборавните дуети кои ги отпеаа заедно со легендите Никола Бадев, Кирил Манчевски, Пепи Бавтировски, Јонче Христовски, Наум Петревски, и други.

Порај песната, Томовска веќе 30 години е посветена и на хуманитарната работа во борба против ракот на дојка.

 

преземено од http://www.novamakedonija.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879