21.01.11

Скопје 2011 - познати шифрите и песните

Фестивалот Скопје 2011, во организација на Македонската Радио Телевизија, ќе се одржи на 26-ти февруари 2011-та во Универзалната сала во Скопје со почеток од 20.30 часот.

На фестивалот ќе земат учество вкупно 20 композиции и исто толку изведувачи. На конкурсот пристигнаа 88 композиции од кои селекционата комисија по повеќекратно преслушување одбра 20, и тоа под шифра и наслов на песна:

ШИФРА                       Наслов на композицијата                                 

Мир                             Не се менува љубовта

Мравка                       Лудост

Натан                          Туѓа си

Што било                    На крај

Вакум                         Грешка

Rolex                          Не ми требаш

бм_сјај_21                Те краде тој

Санди                        Лажам дека не боли

2mix                          Параноја

Седумка                   Секој ден

Шубара                     Русинка

Зорица                     Знаеш ли

Балкан                     Остави политика појачај тон

Гајда                        Рам там там

Пак                           Секогаш некој вреди повеќе

Texas holdem           Коцкар

Божји патеки
            Божји патеки

Арлекин                    Нека е со помин

Нане                          Во мојот свет имаш дом

Шифра 3                   Не враќај се

Во наредните неколку денови следува средба со авторските тимови на која ќе се прецизираат сите детали околу учеството на фестивалот, како и избор на пејачите на одбраните композиции. МРТ го задржува правото да направи замена на некоја од примените композиции со следната највисоко рангирана, доколку се востанови дека истата од објективни причини не може да учествува на фестивалот.

Искрено се надеваме дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал со бројни хит-рефрени, а победникот на фестивалот Скопје 2011 ќе ја претставува Рeпублика Македонија на најпрестижната музичка манифестација во Европа - Евросонг, кој оваа година ќе се одржи во Дизелдорф, Германија. Веќе е познато дека Македонија  ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12-ти мај, со надеж за пласман и во големото финале закажано за 14-ти мај - велат од фестивалскиот совет на Скопје 2011 за МММ.

Информациите за Евросонгот можете да најдете и на официјалната страница на Македонската Радио Телевизија.

преземено од  www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879