20.07.11

Слободан Ивановиќ - Сан, македонскиот Леонард Коен во петок во Сули-ан

 

На 22 јули во „Сули ан“ со почеток во 20.30 часот, во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ ке се одржи концертот „Мислејки на тебе“ на кант авторот Слободан Ивановиќ Сан. Концертот е пред се наменет за љубителите на музика со поетски текстови, прекрасно напишани на македонскиот јазик, кое се некогаш љубовни, некогаш ангажирани, но секогаш исполнети со искрени чувства и јасна порака.

На концертот кој ке се одржи на 22 јули во „Сули ан“ одлучив да настапам сам, како кант автор на повекето песни кои ке бидат изведувани на истиот, бидејќи сметам дека најдов начин како тоа ке прозвучи.

Слободан Ивановиќ – Сан наназад три децении настапува како лидер на познатата Скопска група „ Уста на уста“. Сега-вели тој- одлучив да настапам сам, бидејќи сметам дека го најдов сопствениот авторски израз кој најдобро така ке прозвучи

Покрај останатото на концертот ке бидат изведени и негови попознати композиции

како што се: Ситна мува, Еден град, Пиги, Дождофренија, Балканец по двата родитела, Мислејќи на тебе  и т.н.

 

 

 





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879