04.05.11

String Forces со концерт за најбрзите 250 фанови!

String Forces со големо задоволство ве известуваат и едновремено ве покануваат на еден за нив посебен концерт, 15. години по нивниот прв настап, на 6. мај (петок) 2011, во Клуб МКЦ во 21 часот.

Покрај обемниот материјал кој што ќе биде изведен, од кој што дел во посебна акустична изведба, ќе имате можност и да ја видите изложбата на фотографии на групата од раката на Влатко Чачоровски.

Цената на влезниците е 200 денари во претпродажба, и 250 денари пред самиот настап на влезот на клубот. Бројот на влезници е ограничен - најмногу 250! Важно!!! Доколку има интерес, концертот ќе биде репризиран следниот ден на исто место!

Истите се продаваат преку сервисот
Купи карти за се

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879