21.02.11


Охрид-фест 2011 во потрага по нови песни

Фестивалот Охрид фест - Охридски трубадури распишува конкурс за XVIII-то издание на фестивалот кое ќе се одржи на Летната сцена во Долни Сарај во Охрид, кон крајот на август 2011 година и тоа: 

- 23-ти август (Детски фестивал Чунга Лунга);
- 24-ти август (Вечер на нови ѕвезди);
- 25-ми август (Фолк вечер);
- 26-ми август (Поп вечер) и
- 27-ти август (Интернационална вчер)

На конкурсот на фестивалот можат да учестуваат сите автори кои во предвидениот рок – 30 април 2011 година, ќе ги испратат своите песни на следната  е-маил адреса ohridfest@yahoo.com.

На конкурсот се испраќаат:
- демо аудио снимка од песната;
- текстот на песната;
- две фотографии;
- телефонски и е-маил контакти

Авторите на композициите имаат право да предлагаат интерпретатори за нивните песни, но дефинитивниот избор на пејачите го одредува Фестивалот Охрид фест - Охридски трубадури.

На Конкурсот за Детскиот фестивал Чунга Лунга треба да се испраќаат мелодии кои одговараат на детската возраст и соодветни текстови наменети за деца.

На конкурсот за Интернационалната вечер можат да учествуваат и автори од  светот, со песни кои премиерно се изведени во 2011 година или потполно нови композиции.

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879