10.07.10

Рецензија на Музика.хр

Три и пол ѕвездички за Тавитјановци...

Со наслов – Изгланцано да свети, реномираниот хрватски web-сајт Музика.хр објави рецензија на новиот албум на Гарабет Тавитјан и неговите синови Дики и Гаро ЈуниорМакедонското срце чука во 7/8, кој овие генијални музичари го реализираа со реномираните екс-ЈУ ѕвезди: Јосипа Лисац, Масимо, Хари Варешановиќ, Жељко Бебек, Аки Рахимовски, Тереза Кесовија, светски прочуената Есма Реџепова, како и нашиот Мики Јовановски Џафер.

На рецензентот Зоран Тучкар најмногу му се допаднала песната Елено ќерко, која ја отпеал Масимо Савиќ. За неа вели дека е спој на древна песна, модерна продукција и врвен вокал.

Рецензентот единствената забелешка имал за инструментите, кои му звучат премногу прозападно!?!

За албумот кој во Хрватска го објави магнатот Кроација рекордс, во завршната реченица стои: Се работи за солидна посвета на македонската културна традиција, која ќе најде публика и во Хрватска, а и пошироко...

Линкот ве носи до рецензијата во оригинална форма...

преземено од  www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879