22.02.11

ОГАЕ Македонија ги претставува Рок Агресори

Публиката добро ќе се забавува и расположи

Зоран Tрпков, попознат како Рок Агресори, повотрно на националниот избор и повторно со песна со интересен наслов. После Динг Донг следува Кукурику, со која ќе се обиде да ги привлече гледачите да гласаат за него.

Интересен наслов, да очекуваме уште поинтересен сценски настап, можеби со кокошки или петли на сцена?

Да ви кажам искрено и јас не знам како ќе изгледа сценскиот настап, но знам дека ќе дадам се од себе публиката добро да се забавува, насмее и расположи.

Кој е авторскиот тим со кој соработуваше?

Песната е снимена во студиото на Александар Ристовски - Принц. Он ги отсвири сите инструменти - гитари и клавијатури и негов е аранжманот на песната.

Мислиш дека музиката која ја правиш треба да биде повеќе застапена на нашите медиуми, сите се сеќаванме на За мојата партија гласајте, Скокај, Фискултура, ама некако радиостаниците ги избегнуваат овие нумери на своите програми, каде е проблемот?

Сигурно дека музиката што ја правам треба повеќе да биде застапена на медиумите. Реално во Скопје има така да ја наречам рок-алтернатив публика. Има неколку клуба во коишто секоја недела се прават рок-концерти и кои собираат 500 посетители. Доказ за тоа е и последниот концерт на Архангел кој сигурно имаше минимум 5.000 посетители.
Ако постои публика, значи ќе дојдам до заклучок дека проблемот е кај водителите и уредниците на медиумите. Добро, и јас ги разбирам, можеби не им се допаѓа мојата музика, ама за 20 години колку што сум на сцена и со 30 песни снимено сигурно има некоја која може да им биде полесна песна за уво, ха, ха.

Годинава во последен момент влета на фестивалот,по неколкуте откажувања на други пејачи, очекуваше твојата песна да помине во првата селекција?

Да, оваа година во последен момент. Идејата да се пријавам беше на Принц, јас прво не сакав, си мислев може еднаш е доволно и да ме памтат со Динг-Донг, но заради тоа што е најгледан настан и добар за помоција и реклама на песна, после еден ден се предомислив и така се пријавивме.
Па можеби очекував дека полесно ќе ме примат затоа што Динг-Донг ми беше песна со најголем комерцијален успех, ама ете, никогаш не се знае, ха, ха
.

Со што наскоро ќе не изненадат Рок Агресори?

Па во студиото на Принц снимаме нови песни и Рок Агресори најверојатно е да изненадат со нов видео спот, но тоа после настапот на Евровизија.

(Македонска Музичка Мрежа во соработка со евровизиските фанови ОГАЕ Македонија ги претставува учесниците на национален Евросонг. Во периодот од четири дена - од вторник 22-ри - до петок 25-ти февруари, ќе ги претставиме сите 20 учесници, според редоследот од ждребката, т.е. онака како ќе настапат на фестивалот Скопје 2011. За жал, некои изведувачи се уште ги немаат доставено своите одговори и фотографии, па во тој случај мораме да го прекршиме редоследот, ќе одиме со прв следен, а нив ќе ги претставиме дополнително, но не подоцна од петок, 25-ти февруари.

Сабота, како што е редот, е ден за предизборен молк, а во недела, со бистра глава, гласаме за песна која ќе не претставува на Евровизија
Важно: автори на прашањата се Силвана Јовановска и Душко Андов)


преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879