21.08.11

Каролина ќе ја пее „Македонија„

„Македонија“ е свечената песна, која поп-пејачката Каролина Гочева, треба да ја изведе на спектаклот на 8 септември, на Денот на независноста, кога со кран ќе биде качена на „воинот на коњ“.

Со композицијата насловена „Македонија“, за која музиката и аранжманот ги направи Кире Костов, а текстот Миодраг Врчаковски,  ќе се одбележи 20-годишнината од независноста на Република Македонија.


Како што соопшти Министерството за култура, изборот на песната е направен од вкупно 13 композиции кои пристигнале на конкурсот објавен на 27 јули, за изработка на композиција, која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 септември што ја организира Владата на Република Македонија.


Комисијата во состав проф. Стојан Стојков - композитор, проф. Живоин Глишиќ - композитор и аранжер, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска – репродуктивен уметник, проф. м-р Саша Николовски Ѓумар - диригент, Ванчо Димитров - музички уредник, Михаил Ренџов - поет, Ѓорѓи Барбаровски – поет и новинар, вон. проф. м-р Сашо Татарчевски - диригент и Јета Старова-репродуктивен уметник, по преслушувањето на композициите одлуката ја донела едногласно.


На овој владин спектакл од дваесетгодишнината од Независноста на Македонија, ќе бидат одбележани со свечено отворање на фонтаната на 13 метарскиот воин на коњ, Музејскиот комплекс, „Македонска борба“, како и реконструираниот аеродром „Александар Велики“.

 

преземено од www.time.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879