06.06.11

Голем интерес за нашата пејачка во Софија

Елена блесна на Balkan Music Awards

Овaa сабота (4.6.2011) се одржаа вторите по ред Balkan Music Awards во Софија, Бугарија.

Годинешниот претставник од Македонија, ексклузивката на М2 продукција, Елена Ристеска настапи со песната Сакам по добро да те памтам, а за истата и беше доделена наградата Најдобро видео од Македонија за 2010 година за која се гласаше на веб-страната на Балканика ТВ и беше избрана токму песната на Елена од Македонија.

Нејзиниот настап беше проследен со огромен интерес, особено од претставниците на медиумите од целиот Балкан, присутни на настанот.

Инаку, музиката и аранжманот на песната Сакам по добро да те памтам се дело на Дарко Димитров, а автор на текстот е самата Елена Ристеска. Спотот беше режиран од дуото Ани и Дими, а монтажата на Џулијани.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879