05.09.11

Вистинска еуфорија по Калиопи на Синалко караванот

Од 1-ви до 12-ти септември, Калиопи е специјален гостин на Синалко караванот што се одржува низ Македонија. Караванот минува низ 12  македонски градови, а е под покровителство и во организација на застапникот Кожувчанка од Кавадарци, која воедно е и производител на брендот Изворска, чие заштитно лице е токму Калиопи.

Калиопи предходните денови веќе беше гостин во Куманово, Штип и Струмица, каде што имаше кратки настапи после кои неминовно следеа спонтани, еуфорични продолженија предизвикани од нејзините обожаватели, кои нестрпливо чекаа да ја гушнат и да се сликаат.

Таа ќе му се придружи на септемврискиот караван и на следните дестинации:

4. - Гевгелија
5. - Прилеп
6. - Битола
7. - Кичево
8. - Гостивар
9. - Тетово
10. - Скопје
12. - Кавадарци

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879