13.12.11

Kaлиопи добтник на награда Hello! - Личност на годината во Србија

Во неделата 11.12.2011, Калиопи се закити со уште едно големо регионално признание - Личност на годината во Србија, кое за прв пат ова година го доделува еден од најтиражните магазини Hello!.

Свечениот прием се одржа на кралскиот Бели Двор во Белград, каде  домаќини беа нивните кралски височества престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина, а наградите им беа врачени на звезди од музичката, филмската, спортската и модната сцена кои со своето дело, кариера и јавни настапи ја одбележаа минатата година во Србија.

Ласкавите титули Личност на годината во Србија и статуетките кои за новаа пригода ги дизајнираше светски познатиот дизајнер Карим Рашид ги добија 24-ри личности кои што читателите на магазинот Hello! и посетителите на порталот hellomagazine.rs ги изгласаа во предходните месец дена. Меѓу останатите добитници на оваа награда, освен Калиопи се с принцезата Катарина, Новак Ѓоковиќ, Бата Живоиновиќ, Лепа Брена, Северина Вучковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Хари Варешановиќ, Жељко Митровиќ, Драган Костиќ ...



На свечениот прием на Кралскиот двор присуствуваа многубројни личности од културниот и јавниот живот на Србија и регионот, а во улога на водители прв пат заедно беа брачниот пар, глумецот Бранислав Лечиќ и водителката Нина Радуловиќ - Лечиќ.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879