01.02.11

Отворен Конкурс за Макфест 2011

Годинашниов фестивал на музика Макфест 2011 ќе се одржи на 13, 14. и 15. октомври 2011 година - јавуваат организаторите. Во текот на следните 40 дена, авторите треба да достават композиции пишувани како забавни -популарни шлагери.

Учесниците треба да достават два идентични примерока на нотен запис со впишан текст и хармонски симболи како и два примерока читко отчукан текст на македонски јазик а должни се да достават и демо-снимка на CD. Доколку постои дефинитивна (финална) снимка, истата да биде доставена со матрица.

Композициите се потпишуваат со полно име и презиме, како и контакт адреса и телефонски број на авторот на музиката и текстот. Фестивалот ќе ги прифати оние композиции што ќе ги одбере Селекционата комисија, во согласност со програмските определби на фестивалот, но не повеќе од 23 компизиции. Фестивалската програма до 28 композиции ќе се пополни со петте првопласирани композиции од Дебитантската вечер, што ќе се одржи на првиот фестивалски ден.

Композициите што нема да бидат прифатени, Фестивалот нема обврска да ги врати. Фестивалот го задржува правото на одделни мелодиско -текстуални корекции. Изборот на интерпретатори,аранжери и студија го врши Фестивалот во консултација со авторите. На еден автор можат да му бидат примени најмногу две композиции а ќе се толерираат по три текста од еден текстописец и три аранжмани од еден аранжер.

Со предавање на песните,авторите го пренесуваат на фестивалот правото одбраните композиции графички да ги печатат, прв пат јавно изведе, пренесува преку РТВ, сними на носачи на звук и звук и слика или сите овие права, односно поедини од овие права да ги пренесува на трети лица а фестивалот станува сопственик на фонограмите што ќе ги произведе (снимки). Сите останати права остануваат на авторите а авторите се должни да потпишат Издавачки договор и Договор за изведување на авторско дело.

Конкурсот трае до 15 март 2011 година а материјалите се испраќаат на адреса на фестивалот:

МАКФЕСТ 2011
Општина Штип
Ул: Васил Главинов бб
Фестивал Макфест
1000 Штип
(со назнака за Макфест 2011)

тел: 032/ 22 66 00
е-маил: gradonacalnik@stip.gov.mk

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879