20.11.11

Калиопи ја претставува Македонија на Евросонг 2012
 
Поп-дивата Калиопи Букле е актуелната претставничка на Република Македонија на Евросонг 2012 што ќе се одржи во Азербеџан - јави Македонската Радио Телевизија.

Македонската Радио Tелевизија оваа година одлучи да го примени српско/хрватскиот модел на избор за претставник, односно како членка на ЕБУ, таа не мора да направи конкурс и избор на повеќе изведувачи за претставник на песна за Евровизија.

Што се однесува до песната со која Калиопи ќе не претставува, таа ќе биде избрана на сличен начин како што беше избрана песна за Тоше Проески, кој беше наш претставник во 2004 година.

Калиопи е една од нашите најпознати изведувачки, зад себе има 9 албуми и безброј хитови. Последен е албумот Порака, кој покрај во Македонија е објавен и во регионот. Таа е почесен амбасадор на УНИЦЕФ од Македонија, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост Мајка Тереза.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879