11.02.11

Калиопи промовира во Загреб, а во Сараево настапува со најголемите ѕвезди од регионот

На 16-ти февруари (среда) во ексклузивниот ресторан и lounge бар Spoon во Загреб (Hypo Centar), првата дама на македонската поп-музика Калиопи ќе го промовира својот актуелен албум Порака - Порука, кој во издание на Хит рекордс се појави и на хрватскиот пазар.

Промоцијата ќе започне во 20.30 часот, а дел од албумот ќе биде отсвирен во живо, бидејќи во Загреб ќе допатува и придружниот бенд на Калиопи.

Екипата на МММ во Загреб ќе ја придружува Калиопи, па очекувајте ексклузивна репортажа од местото на настанот.

Веќе следниот ден - четврток, 17-ти февруари, поп-дивата Калиопи ќе престојува во Сараево, каде во Скендерија се случува финалето на изборот И Ти можеш бити звијезда, кој се емитува на
Hayat TV.

Освен Калиопи, во шоуто ќе настапат и: Тони Цетински, Нина Бадриќ, Халид Бешлиќ, Хари Мата Хари, Енис Беговиќ, Жељко Бебек, Харис Џиновиќ...

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879