29.09.15

ДО СИТЕ АВТОРИ!!!!!!!!!!!!!
2.10.2015 19.00 часот
ФРОСИНА МКЦ


Драги колеги, Се наоѓаме пред уникатен момент во историјата на македонското музичко творештво. Се случува нешто кое мора да се издискутира и реагира. Јас како Претседател на здружението Шпато, намерно не реагирав веднаш, бидејки чекав да видам дали некој ќе ме контактира барем малку загрижен за ситуацијата. Мислам дека вакво понизно однесување можеше да се случи само во соседна Албанија за времето на Енвер Хоџа. Не ги споредувам сегашните политичари туку само не споредувам нас и нашето однесување! Зарем некој не е свесен што губи или е уплашен дека може да загуби нешто повеќе. А што повеќе? Зарем поседуваме нешто повеќе од интелектуалната споственост на овој свет? Без неа не постоиме, ние сме ништовни, докажуваме дека човековото постоење нема некоја повисока цел освен да биде искористен. Вашите деца или внуци доколку во иднина се бават со музика, утре ќе Ве запрашаат, а како ли тоа се случило, како сте дозволиле, зарем немаше некој маж меѓу Вас да пушти глас? Закажувам средба, НА СИТЕ АВТОРИ, членови или не членови на Шпато, од сите жанрови, и оние кои мислат дека НЕ СЕ ДОВОЛНО БИТНИ и оние кои мислат дека се ПРЕКУЛ (алтернатива и џез) и ПРЕБИТНИ за да се мешаат со другите. Сега не е време за двоумење!!! Овој закон нема да помине на врховен суд, но мора рацете да ги "намачкаме со крв"! Секако дека ке дојдат и кртовите меѓу нас, добредојдени се, ние само го бараме она што е наше. Што и да направиме тоа секако нема да биде пренесено преку медиумите, бидејки ова е нивно масло, но и нивно право,.....но сепак МОЕТО/НАСЕТО право е ПРАВИЧНО!!! 2.10.2015 19.00 часот ФРОСИНА МКЦ Со почит, Александар Ристовски Принц





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879