07.06.11

Во Умаг

Калиопи гостин на јубилејниот концерт на Алка Вуица

Калиопи завчера отпатува за Умаг, каде на 8. јуни 2011-та (среда), ќе настапи како гостин на концертот во чест на Алка Вуица насловен како За Умаг со љубов.

Под покровителство на родниот град Умаг, со овој концерт Алка Вуица ќе го прослави својот 50-ти роденден и ќе обележи 30 години плодна кариера.

Концертот е конципиран така да ќе настапат познати балкански изведувачи и музичари кои ќе ги изведат своите хитови кои Алка ги има напишано за нив.



Имено, Калиопи во 2008-ма година на сплитскиот фестивал ја испеа песната За тебе чувам себе чиј комплетен автор е Алка Вуица. Покрај Калиопи, на сцената во Умаг ќе се појават и Тони Цетински, Тереза Кесовија, Нина Бадриќ, Борис Новковиќ, Масимо Савиќ, Хари Варешановиќ, Дорис Драговиќ, Жељко Бебек, Иво Гамулин Џани, Горан Каран, Радојка Шверко, Нено Белан, Ханка Палдум, Жак Хоудек како и Халид Бешлиќ.

Концертот ќе се одржи на АТП стадионот Stella Maris во Умаг со почеток во 21 часот а ХРТ+ ќе врши директен пренос на својата програма.

Инаку, да подсетиме дека минатата недела Калиопи во Македонија го промовираше новиот видео-спот за песната Порака како и својата најнова песна Не е крај на се снимена заедно со Македонските Идоли.

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879