05.10.10

На 10-ти октомври

Браќата Тавитјан во Блу Ноут

Диран, Гаро Тавитјан и Горан Гешовски по фантастичниот настап во швајцарија ќе одржат два ексклузивни концерти во најреномираниот џез локалитет во светот Блу Ноут во Њујорк.

Поканата за овој настап браЌата Тавитјан со воодушевување ја примија бидејки во оваа елитна локација досега настапувале многу светски имиња на џезот како и музичари кои повеќе години работат во Њујорк за да добијат термин за концерт.

Концертите ќе се одржат на 10. октомври со почеток во 12:30 и 2:30 часот.

По браќата Тавитјан истиот ден настапува и ден од најдобрите џез саксофонисти во светот легендата Гато Барбиери, кој е добро познат и на македонската публика, бидејќи гостуваше и на Скопскио џез фестивал.

Меѓу посетителите на концертот се очекува и присаството на легендарната џез пејачка Розен Витро како и на менаџерот на еден од најдобрите гитаристи во светот Алан Холдсворт.

По овие два концерта браќата Тавитјан ќе продолжат во престолнината на Англија - Лондон каде ќе настапат на тамошниот џез-фестивал по повод 200 годишнина од раѓањето на големиот великан и пијанист Фредерик Шопен. По ова следуваат два концерти во Португалија.

Покрај концертните активности Тавитјан деновиве се подготвуваат за снимање на новиот спот од проектот Македонското срце чука во 7/8 и тоа овој пат со легендата Хари Варешановиќ за песната Да сум бистра вода мајко.

 rezemeno od :

www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879