17.06.11

Кирил Џајковски во Луксембург


Најпознатиот македонски електронски артист Кирил Џајковски, после настапите во Љубљана (Шкисова Тржница), Хановер (Масала Фестивал), Ријека и Сараево, на 17-ти јуни ќе настапи на Fete de la Musique, во Кајл, Луксембург. Придружуван од бенд во живо заедно со експлозивниот вокал на Рас Твид, Кирил за прв пат настапува пред оваа публика.

Fete de la Musique, односно Музичкиот Ден, е фестивал кој освен во Луксембург се одржува уште и во 107 светски градови.

Музичкиот ден е настан отворен за публиката од сите генерации, музичари од сите жанрови и од година в година добива интернационална форма на музички фестивал , проширувајќи се на пет континенти.

Настапот на Кирил Џајковски е закажан во 22:20 часот.

Од концертните активности на Кирил, следува концерт во Германија, фестивали во Полска, Белгија и секако, низ Балканот.

 

 

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879