22.07.12

На најголемиот фестивал...

Џајковски настапи во Франција

Вчера, 21 јули, Кирил Џајковски настапи на најголемиот музички фестивал во Франција Ле Виеј Шару. Веќе утринава беа објавени и првите рецензии на француските медиуми во кои се вели дека токму миксот на балкански звуци и електро/даб на Џајковски го раздивижи фестивалот и го разбуди Керампуил, не дозволувајќи никому да одолее на неговиот ритам. Кирил настапи на третиот фестивалски ден, кој имаше 70.000 посетители, и веднаш пред култниот Стинг и француските електро ѕвезди Џастис.

Ле Виеј Шару (Les Vieilles Charrues) привлекува околу 200.000 посетители, досега имаат гостувано имиња како Трејси Чепмен, Лени Кравиц, Килерс, Моби, Џемироквај, Тинг Тингс, Снуп Дог, Хемикал Брадерс, Брус Спрингстин, Зи-Зи Топ, Ванеса Паради, а оваа година покрај споменатите Стинг и групата Џастис, ќе настапат и Кјур, Боб Дилан, Казабиан, Гарбиџ, Портисхед и многу други.

Кирил Џајковски продолжува да ниже успеси на светската музичка сцена. Неговиот виртуозен еклектичен микс на брејкбит, дабстеп и електроника со традиционални балкански мелодии и настапот заедно со тројца реномираните пејачи и автори ТК Вондер од Њујорк, МС ВАСП од Мелбурн и Гето Прист од Лондон, македонскиот Серчук оркестар и Владимир Крстев од Македонската филхармонија, е вистинска добитна комбинација која ги освојува срцата на масовните европски фестивали...

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879