23.03.11

Роберт Билбилов сними спот за Себична

По кратко време од креирање на новата продукција Gorilla Wild Entertainment Group е подготвена и отпочна со својата работа. Нивниот прв проект е најновото видео на Роберт Билбилов, еден од ексклузивците.

Станува збор за видео на последната песна на Роберт - Себична.
Видеото се снимаше во неделата 20. март 2011-та година во Rock&Roll студио, а снимањето траеше во текот на целиот ден.

За видео приказната се погрижи Александар Ристевски Принц - AleXanDer. Во видеото ќе се појават луѓето од потесниот круг на пријатели на Роберт, како што е неговиот личен тренер Марија Нацева и нејзиното момче Гоце Димовски.



Исто така, во приказната е вклучена и девојката со огромниот потенцијал Ана Кафтаноска, лицето кое во последно време ги полни модните страници во магазините во Македонија.

Она што тимот на Gorilla го забележа е дека овој проект се снима со душа и дека нема конкретно сценарио, напротив направен е колаж од убави сцени. Промоцијата на видеото ќе биде направена во текот на оваа недела, преку музичките портали.

Сосема за крај уште една информација. Во текот на следната недела Билбилов ќе ја извади и својата најнова песна, од новиот албум Не знаеш дека знам.
 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879