27.02.11

Калиопи добитник на Златна Бубамара за најдобра пејачка и најдобар албум во 2010

 

23.02.2011(среда), Универзална сала, во организација на Радио Бубамара се одржа 14тото издание на манифестацијата ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА на која традиционално се доделуваат наградите за најуспешните во Македонија и регионот во изминатата година. Спрема Aкадемијата на Златна Бубамара, Калиопи е добитник на две признанија – за најдобра пејачка на Македонија а нејзиниот албум "Порака" го понесе признанието за албум на годината.




Наградата за албумот "Пoрака" е само уште една потврда за овој албум кој веќе се здоби со одлични критики и признанија во регионот. Голема заслуга за оваа награда има и тимот кој заедно со Калиопи работеше на албумот а тоа се, Дарко Јурановиќ D'Knock како главен музички продуцент на албумот, Мирослав Рус како супервизор на албумот, Тихомир Прерадовиќ како копродуцент, Рамбо Амадеус како автор и гостин на албумот, Един Карамазов како гостин на албумот и останатите.

На додела на наградите Калиопи во живо ја изведе Русовата песна од албумот насловена како "Ако још икад падне снијег", која публиката ја поздрави со бурен аплауз а самата Калиопи беше испратена со овации од сцената.


преземено од www.kaliopi.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879