IN MEMORIAM

Тажна вест: Почина легендата на македонската музика Јанко Узунов

Денес во 63-та година од својот живот почина познатиот македонски фолк и поп пејач, легендата на македонската музика Јанко Узунов. Тој заедно со својата сопруга Жаклина биле на одмор во Берово од каде во текот на утрешниот ден требало да заминат за Дојран. И покрај брзата интервенција на медицинската помош, сепак не успеале да го спасат нашиот познат пејач, кој најверојатно починал од срцев удар.

Janko Uzunov

Јанко Узунов е роден во Валандово на 15 фебруари 1951-та година. Тој во Скопје доаѓа во 1969 година кога се запишува на Земјоделско-Шумарскиот факултет кој го завршува, а веднаш потоа се запишува на Музичката академија во Скопје на наставно-теоретскиот одел кој исто така за кратко време успешно го завршува. Неговата прва песна “Магдалена” ја снима во 1971 година кога се пријавува на аудиција организирана од Радио Скопје од авторот Димитар Масевски, а веднаш по оваа песна ја започнува неговата кариера. Цутот на својата кариера тој го доживува настапувајќи на тогашниот Скопски фестивал. За прв пат на овој фестивал настапува во 1972-та, а од тогаш па натаму се до неговото згаснување редовно учествува на истиот.

Janko Uzunov

Легендарната песна “Момчето со мандолина” која и ден денес е голем хит, тој заедно со Цветанка Ласкова ја пее на фестивалот “Опатија 1976″. За малку им побегнала победата на овој фестивал, со што за прв пат наши македонски претставници ќе имало на познатата Евровизија

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=l7dBuldi16E

Кон почетокот на осумдесетите години, по згаснувањето на Скопскиот фестивал, тој својата кариера ја продолжува снимајќи песни од народната музика. Ќе биде познат и запаметен и по тоа што со својата група “Вардарски петли” на фестивалот за народна музика “Валандово” ја отпеа познатата песна “Чаки панкерот”, што всушност претставува првата хумуристична песна отпеана на овој фестивал. Во 1994 година ја формира групата “Узун”, а по кратко време заедно со сопругата Жаклина го формираат и музичкото-едукативно училиште “Узун”.

Janko Uzunov

Јанко Узунов во 2010-та година прослави 45 години од својата успешна кариера, а тој во 2015-та требаше да прослави 50 години. Зад него останаа голем број на познати песни од забавната и народна музика, кои веруваме ќе се пеат со генерации и генарации.

Нека му е вечна слава!

 

преземено од www.muzika24.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879