01.03.12

Калиопи ви ја подарува евровизиската песна

Двете верзии на нашата евровизиска песна - Црно и Бело/ Black & White на првата дама на македонската поп-музика Калиопи, ексклузивно ги имате на МММ.

Тоа е подарок од дивата за сите нејзини фанови и за сите почитувачи на Евровизија, од Македонија и пошироко.

За да ги симнете двете верзии на песната, кликнете ТУКА!

Зад темата Црно и Бело/ Black & White како автори се потпишуваат Ромео Грил (музика и аранжман) и Калиопи (текст). Препевот на англиски е на Петра Црнетиќ.

Да потсетиме - Во студијата 2 и 3 на Македонската телевизија, во отворената програма, на 29-ти февруари Калиопи ја промовираше песната Црно и Бело, со која во мај 2012-та ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Азербејџан.



Настапот на Калиопи го имате ТУКА!

Според реакција од присутните во студиото, а особено според силен аплауз и овации, Калиопи има вистинска песна за 57-то издание на Евросонг.

Во отворената програма, првата дама на македонската поп-музика низ куса ретроспектива се претстави во неколку различни изданија - со Браќата Тавитјан, Симон Трпчески, Един Карамазов, Танец..., а заедно со својот некогашен соработник и животен сопатник Ромео Грил, како Сеќавања, испеа и дел од своите најголеми хитови.

Позитивните реакции на песната веќе пристигнуваат и до МММ. што значи дека нашиот тим успешно ја завршил својата задача, и дека двоецот Калиопи - Ромео повторно одлично функционира заедно.

Јас знаев каква песна и треба на Калиопи. Таа со своето пеење ги милува моите ноти - изјави Ромео Грил, кој ги потпиша легендарните Бато, Кофер љубави, песните од албумот Обои ме...



Ромео истакна дека е комплетно задоволен од песната, додека Калиопи потенцираше дека е среќна што повторно соработува со најдобриот композитор во нејзината кариера.

На сцената Калиопи беше во придружба на рок-бенд, а неофицијално, таков настап е планиран и за големиот евровизиски перформанс во Баку, на втората полуфинална вечер...

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879