16.06.15

"Барбарела" ја најави новата музичка офанзива

Музичкиот состав „Барбарела“ вчера се промовира пред скопската публика, со што ја најави својата офанзива на домашната рокенрол-сцена

ПРОМОЦИЈА НА НОВ СУПЕРБЕНД

 Станува збор за еден вид супергрупа во која членуваат гитаристот и вокалист Александар Ристовски-Принц, гитаристот Дарко Тасев, басистот Јане Тодороски и тапанарот Виктор Филипоски, кои направија одличен албум насловен како и самиот бенд. На промоцијата што се одржа во ресторанот „МКЦ“ момците ја покажаа својата инструменталистичка супериорност, презентирајќи го материјалот свирејќи пред публиката.

- Драго ми е што сите се собравме тука да го означиме почетокот на „Барбарела“. Се надевам дека нашиот деби-албум ќе ви се допадне затоа што е многу гитарски, енергични и искрен - рече Александар Ристовски-Принц.

Покрај албумот, на промоцијата беа претставени и двата нови спота за песните „Барбарела“ и „2 гитари и 3 напалени баби“, а беше прикажано и видеото за „Чиста сметка, долга љубов“, односно првиот сингл што се појави пред неколку месеци. 

Автор: М.Г.

преземено од www.novamakedonija.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879