01.08.11

Конкурс за изработка на композиција која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 Септември што ја организира Владата на Република Македонија

Композициите треба да бидат доставени по пошта во Министерството за култура на Република Македонија, на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр 61, Скопје,  или да се предадат во писарницата на Министерството за култура  најдоцна до 15 август 2011 година

Врз основа на член 65 став 6 од Законот за културата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 106/10, 37/11 и 51/11), а по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, Министерството за култура распишува:

КОНКУРС

за изработка на композиција која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 Септември што ја организира Владата на Република Македонија

УСЛОВИ НА КОНКУРСОТ

- Во текот на конкурсот авторите се должни да достават композиција во која ќе преовладува свечена нота збогатена со богатството на македонската мелоритмика, која ќе биде изведена од најдобрите македонски интерпретатори и инструментални уметници. 

- Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена.

- Секој автор може да пријави една композиција.

- Композицијата треба да биде напишана во два идентични клавирски изводи со испишан хармонски текст и три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик, со кирилско писмо.

- Текстуалниот пристап треба да биде во духот на прославата на 20-годишнината од независноста на Република Македонија.

- Композицијата треба да биде снимена на ЦД во демо-снимка или како готов запис.

- Композицијата треба да биде потпишана со целосно име и презиме, како и контакт-адреса и телефонски број на авторите.

- Композицијата, која ќе биде избрана од жири-комисија составена од девет членови (композитори, аранжери, текстописци, естрадни уметници и граѓански лица), ќе добие парична награда во износ од 120.000,00 денари (50%  за композиторот, 25% за аранжерот и 25% за текстописецот). За останатите трошоци (аранжман за финалната верзија, студиски трошоци и други надоместоци), Министерството за култура ќе издвои средства  во висина од 360.000,00 денари.

- Изборот на интерпретатори, аранжери и студио во кое ќе биде снимена композицијата ќе го направи авторот со согласност од жири-комисијата.

- Со предавањето на композицијата, авторот ќе го пренесе правото на Министерството за култура на Република Македонија за нејзино графичко печатење, за прва јавна изведба, за пренос преку радио-телевизиски станици, за снимање на носачи на звук и слика или сиве овие права, односно некои од овие права ќе ги пренесе на трети лица. Министерството за култура на Република Македонија ќе стане сопственик на фонограмот или спотот што ќе биде снимен.

- Сите останати права ќе останат на авторот, а тој е должен да потпише издавачки договор и договор за изведување на авторското дело со Министерството за култура на Република Македонија.

- Композициите треба да бидат доставени по пошта во Министерството за култура на Република Македонија, на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр 61, Скопје,  или да се предадат во писарницата на Министерството за култура  најдоцна до 15 август 2011 година.

- Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна 2 дена по неговото завршување.

- Министерството за култура на Република Македонија нема обврска да им ги врати на авторите композициите што нема да бидат прифатени.

- За дополнителни информации може да се обратите на телефонскиот број:075 237875





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879