25.02.11

Водолија

Коментарите ги оставам откако ќе заврши Изборот...

Веќе третпат по ред во евровизската трка влегува и Ристо Апостолов Водолија. Прво беше Мојот ТВ, па лани Солза и годинава Не враќај се - е насловот на песната со која ќе се обиде да ја убеди македонската публика дека заслужува да биде наш пеставник на Eвросонг.

Мислиш ли дека треба повеќе да се експонираш во медиумите?

Моментално немам ништо ново за да се експонирам помедиумите, освен песнава со која што ќе настапам на Eвросонг. Неодамна снимивме амплакт концерт кој се емитуваше. Се надевам дека во скоро време ќе снимам нешто ново.

Која е целта што третпат по ред те има на националниот избор, промоција на песната или сепак желбата да се преставува Македонија во Диселдорф?

Кога ја испратив песната на конкурсот немав цел едноставно по инерција го направив тоа без да размислувам на промоција или Диселдорф, но како се приближува фестивалот растат и очекувањата.

Имаше невообичаени настапи претходните години,дали и годинава ќе биде нешто слично?

Не би рекол дека досегашните два настапи на Eвросонг беа невообичаени, туку напротив беа вообилаени бендовски настапи исто како настапуваме на некоја свирка.

Што мислиш за сите оние шпекулации кои се појавуваат пред секој избор, дека е наместен и слично?

Шпекулациите вистинити или не се составен дел од секој избот на Песна за Евроизија. Најдобро да се коментираат по завршувањето на изборот.

Твоите планови за во иднина?

Во план ми се неколку настапи во живо со бендот и да започнам да работам на нов материјал.

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879