22.09.11

Оригиналната постава на Пу свири во чест на 100 години улица Македонија

На 24-ти септември 2011-та (сабота) улица Македонија слави 100 години од своето постоење. Прославата започнува во 12 часот и ќе се одржува долж самата улица Македонија, а хепенингот ќе трае до полноќ.

Како специјално изненадување за музичкиот дел ќе биде настапот на оригиналната постава на култната скопска група Пу. Тоа значи дека на сцената ќе се појават: Гранит Таки, Данаил Дарковски, Рамиз Јусуфи - Цики, Аријан Дема и Бошко Доневски.

Групата Пу ќе настапи со две песни - со легендарната Неправда и со Можеби сум луд, од репертоарот на Лева патика, бидејќи три члена од оригиналната постава на Пу подоцна беа членови и на Патика.

Настанот 100 години улуца Македонија нуди можност за потсетување на старите, добри времиња. Дојдете и уживајте во звуците на ретро хитовите заедно со специјалните гости: Пу, Марин Бабиќ, Зафир Хаџиманов, Драган Спасов - Дац, Томислав Маниќ, Виолета Томовска, Нино Величковски, Зоран Џорлев, Јулијана, Бојан и Баже Маротови, Искра Трпева, Елена Петреска, Верица Ристеска, Драган Мијалковски, Олег и Ана Кондратенко, Аир стрингс, Петар Ренџов, Драган Б. Костиќ...

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879