20.03.11

Концерт во МОБ во чест на Шпато

Овој понеделник (21-ви март 2011-та година), по повод светскиот ден на музиката и одбележувањето на осумдесетгодишнината од раѓањето на македонскиот композитор Драган Ѓаконовски - Шпато ќе се случи еден убав настан.

Имено, во Македонската Опера и Балет со почеток во 20 часот ќе биде отворено 34-то издание на манифестацијата Денови на македонска музика со Ревискиот оркестар при МРТ под диригентство на маестро Кире Костов.

По тој повод, Андријана Јаневска ќе настапи со песната За нас почнува живот, своевремено изведена од Даниела Панчетовиќ. Повеќе информации можете да најдете на официјалната web-страна на Сојузот на композитори на Македонија.


Датум: 20.03.2011.

 

 

 

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879