24.11.2010

ЗАКОНИ ИМА, НО ПИРАТЕРИЈАТА ЦУТИ

Не препишани, туку ефективни закони и процедури, кои ќе се спроведуваат во пракса, побараа експертите на трибината „Заштитата на интелектуалната сопственост во Македонија: реалност или мит“. Велат дека институциите треба да имаат волја да го...

slika

Не препишани, туку ефективни закони и процедури, кои ќе се спроведуваат во пракса, побараа експертите на трибината „Заштитата на интелектуалната сопственост во Македонија: реалност или мит“. Велат дека институциите треба да имаат волја да го спречат бизнисот со пиратеријата, кој носи заработка и до 300 пати поголема од онаа при шверц на дрога или оружје. Според професорот Валентин Пепељуговски,
решавањето на проблемот не треба да почне од продавачите, туку од произведувачите.

- Мислам дека и борбата не треба да се води на тие пазари, првенствено, таа треба да се води во институционалните форми каде што има и измами и доведување во заблуда итн, не дека тие треба да се остават да функционираат слободно и тоа треба да се санкционира, но знаете дека првенствено треба да се санкционираат оние кои ги
произведуваат, а последни во синџирот се оние кои ги продаваат.

Во сферата на авторските права, професорот Пепељуговски вели дека иако Македонија била прва која направила исчекор во регулирањето на оваа материја, сега заостанува зад соседите. Авторите пак се револтирани, велат дека постојано се носат закони, во кои не се вклучени нивните забелешки.

- Не може 15 години да не функционира ниту еден закон, можеме да го надополниме, да го надоградиме, да ги најдеме проблемите, но во 15 години, тоа се две генерации на музичари кои ги изгубиле своите авторски права. Не кажувам дали е добар или лош, но губиме време во правење закони, а ништо не правиме тој да функционира, вели музичарот Дарко Димитров.

Професорот Братислав Станковиќ е категоричен, компаниите треба да вложуваат повеќе во истражување и развој.

- Во Република Македонија се регистрираат 30-40 пронајдоци годишно, додека во САД каде што престојував, во Илиноис околу 3000. Македонија од 1991 година до денес има регистрирано само два пронајдока во САД.

Заштитата на интелектуалната сопственост е дел и од извештајот на европската комисија за Македонија, каде што се констатира дека е постигнат одреден напредок во однос на правната рамка, но фалсификувањето и пиратеријата и понатаму се широко распространети.

 

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4348

 

преземено од www.telma.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879