13.11.11

Ристо Апостолов со награда за продукција

Рокерот Ристо Апаостолов се закити си награда за најдоброа продукција на фестивалот Еврофест кој во саботата (12 ноемрви) се одржа во Домот на Армијата во Скопје. Тој настапи со својата група Водолија и ја изведоа песната Ти не си, за кој вушност се однесува аградата.

Ова е исклучок рокер да настапи на овој забавен поп-фестивал, но организаоро беше поестен што Апосолов јс прифати понудата.

Од домашните пејачи наградени беа и Филип Божиновски, Боби Мојсовски, Кице Стефановски, Марија Лазаревска.

Фестивалот беше интернационален, Гран при освои некогашната мисица на Киргисан Јулија Рутскаја, награда за животно дело му припадна на Ален Славица од Хрватска, награда за заслуги во интернационален дух Босанката Жељка Катавиќ - Пиљ, а награди освоија и гостинката од Бугарија - Елиза и Ваљбона Перај од Албанија.



Бидејќи фестивалот има и ревијален дел, настапи Италијанката Чинчија Роса Чикс, победничка на еден поранешен Еврофест, која ги одушеви присуните, а пееја и Јулија, Вики Среброва, како и хумористот Ранко Рангелов.

Во чест  на легендата Тоше Проески, балерините од балетското студио Еурека, танцуваа на песната Сонце во твоите руси коси, како и на хитот Многу солзи од Маја Оџаклиевска. Извонредните кореофрафии ги одушевија присутните, во мал број...

Еврофест година се одржа по 15 пат. Како и секогаш салата беше празна а снимаше АБ Канал...

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879