преземено од www.novamakedonija.com.mk

30.12.11

Концерт за паметење на „Нокаут“

Дво и полчасовно акустично музичко патување во „Метрополис арената“ приредија завчера момците од групата „Нокаут“

 
 
  
По интимниот концерт што се случи летово во клубот „Колосеум“, Пере, Франц и екипата уште еднаш ги задоволија апетитите на публиката, пеејќи ги добро познатите хитови „Лебедот бел“, „1.000 причини за крај“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, како и актуелната „Знаеш каде да ме најдеш“, со која го најавија албумот што го подготвуваат. Гости на вечерта беа Мио („Д.Н.О.“), Фиц („Студени нозе“), Мики Јовановски-Џафер, Кирил Колемишевски, кои изведоа неколку свои постари хитови. На крајот се појави и шоуменот и актер Игор Џамбазов.

Автор: И. Н.





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879