23.07.12

Охрид, среда 25-ти јули 2012-та

Античкиот театар ги чека Нокаут

Предизвикувачи овој пат се - Никола Перевски Пере, Владимир Крстевски - Франц, Бојан Антовски, Бојан Перевски, Борче Кузмановски, Виктор Николовски, Борјан Петровски и Горан Кавраков, или поедноставно - Нокаут.

Групата која освен по многуте хитови е позната и по одличната моќ да создаде прекрасни ноќи за паметење, а тоа се секако нивните концерти.

Уште еден таков голем концерт предизвикувачите подготвуваат за местото на кое многу наши и странски групи сонуваат, а тоа е преубавиот простор на Античкиот театар во Охрид. Среда, 25-ти јули со почеток во 21 часот, тоа е уште еден датум кој според сите оние кои барем еднаш биле на нивните настапи, ќе биде случување кое долго ќе се прераскажува.

Мислам дека е доволно секој од нас да го посети овој простор и да ја почувствува неговата волшебност, неговата магија која те привлекува и никого не остава рамнодушен. Античкиот театар е местото каде ќе се собере бендот во комплетен состав, по долгогодишна пауза, повторно во градот кој буди насмевки и нуди безброј места кои се возвишени. Целата акустика која ја нуди овој простор, заедно со прекрасниот амбиент, публика која ви е како на дланка, сето тоа е уште еден предизвик за нас, да ги собереме сите свои фанови и да направиме уште едно незаборавно патешествие кое, се надевам, никого нема да остави рамнодушен, овде не мислам само на публиката, туку и на сите нас, кои таа вечер на 25-ти јули ќе се најдеме на сцената на големиот Антички театар - изјави Никола Перевски - Пере.

Специјални гости на овој концерт ќе бидат Sarah Mace и нашиот најголем шоумен Игор Џамбазов, кои само ќе ја збогатат ноќта  преполна со акустика која опива.

Организаторите на овој концерт, Горила продукција, не информираат дека влезниците за овој голем настан се веќе пуштени во продажба во сите Tobacco и Together салони низ Македонија, а бидејќи се во ограничен број, сите оние кои се желни за бегство од секојдневието, треба да побрзаат.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879