20.03.12

Црно и Бело

Еве го евровизискиот спот на Калиопи!

За евровизиската тема Црно и Бело, поп-дивата Калиопи го промовираше видео-спотот во режија на Александар Ристовски Принц. Снимањето се одвиваше во Битолскиот народен театар и во старата зграда на Офицерскиот дом во овој град.

За костимите се погрижи Розе Трајчевска Ристовска, а мејкапот е на Зоран Шурбевски.

Освен Калиопи, во спотот учествуваа и петтемина членови на бендот, што ќе ја придуржува и во Баку, Азарбејџан на втората полуфинална вечер, а се надеваме и во големото финале.

Спотот го имате ТУКА!

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879