09.05.11

Кирил Џајковски на 11-ти мај во Љубљана

Пионерот на балканската електросцена Кирил Џајковски е еден од главните изведувачи на овогодинешната Шкисова Тржница во Љубљана. Настапот на Кирил ќе биде на 11-ти мај, а неговиот перформанс пред словенечката публика ќе биде засилен со настап на live бенд и британскиот вокал Ras Tweed.

Шкисова Тржница
е најголемиот еднодневен отворен студенткси настан во Словенија, кој се одржува во центарот на Љубљана.

Настанот е организиран од здружението на студентските клубови во Словенија (Zveza SKIS) и има повеќе од 20.000 посетители секоја година. Покрај Кирил, оваа година настапуваат и Soulfingers, Niet, Happy Ol’ McWeasel, Toronto Drug Bust и други.



Со овој настап Кирил Џајковски ја започнува неговата богата концертна сезона за оваа година. После Љубљана, еден од најуспешните електро артисти на Балканот, продолжува во Германија на Масала Фестивал во Хановер, а потоа следат гостувања на Кирил во Луксембург, Полска, Белгија и низа настапи низ Балканот.

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879