12.05.12

Принц пее за 2 гитари и 3 напалени баби

Две и пол години по издавањето на последниот инструментален албум Кога розите спијат, најновата песна на AleXanDeR алијас Александар Ристовски Принц - 2 гитари и 3 напалени баби е прв сингл и најава за новиот албум кој би требало да биде издаден ова лето.

Композициите се со траење од околу 2 минути, а целиот албум помалку од 20 минути. Без банални повторувања и развлечени градации. Денешниот човек нема време да слуша четири минути една песна или 70 минути еден компакт диск. Впрочем и најголемите хитови на Битлси и Елвис Присли се пократки од две минути - изјави Александар Ристовски Принц

За снимањето на албумот 2 гитари и 3 напалени баби, за секоја линија на гитара е употребена специфична гитара, употребени се близу 50 гитари и неколку баса.

Познавачите на музиката ќе ги препознаат влијанијата на Led Zeppelin, T-Rex, Jimmy Hendrix, MC5, AC-DC, Lenny Kravitz, David Steward, Prince, White Stripes, The Hives, Kings of Leon...

Една од песните, Во гнездо на Змеј беше дури и дадена на конкурсот за Евровизија пред 1 година, само заради забава и експеримент.

Комплетен автор и изведувач на песната 2 гитари и 3 напалени баби е Александар Ристовски Принц.

Линк до песната 2 гитари и 3 напалени баби на YouTube

Линк до песната 2 гитари и 3 напалени баби за download (wav format)

Оваа информација ја споделува М2 Продукција во име на широката долгогодишна соработка која ја има со овој познат македонски музичар.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879