03.11.11

Продолжува турнејата на Кирил Џајковски

По богатата тунеја, во чии рамки годинава одржа концерти низ Германија, Полска, Белгија, Луксембург и балканските земји, Кирил Џајковски и понатаму ја продолжува низата на успешни настапи.

Вечерва, заедно со својот стандарден музички состав и специјалниот гостин Ghetto Priest, поранешниот MC на групата Asian Dub Foundation, Кирил настапува во Хрватска, во познатиот загрепски клуб Aquarius.

Хрватската публика го памети неговиот распродаден концерт во истиот клуб, кој се одржа пред 19 месеци, но и овојпат таму ќе се одржи само еден концерт, бидејќи следниот ден, на 4. ноември мини турнејата на Кирил продолжува во Словенија.

Таму, концертот ќе се одржи во Cvetlicarna во Љубљана, а на 5. ноември фановите од Естонија го очекуваат настапот на Кирил во Club Balou во Талин.

Во меѓувреме Кирил Џајковски е ангажиран во своето музичко студио, каде ја подготвува музиката за македонските филмови Трето полувреме и Балканот не е мртов.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879