13.11.10

 

 

Потрага по ѕвезда на М2 - сите детали!

Музичката продукција М2 во соработка со T-Mobile организира нов циклус на Потрага по ѕвезда. Овој оригинален музички проект им пружа уникатна можност на младите анонимни музички таленти ширум Македонија да го покажат својот квалитет и да изградат успешна кариера во иднина.

Проектот Потрага по ѕвезда, во изминатите години, им го оствари сонот на многу млади лица кои станаа успешни и докажани имиња на македонската музичка сцена како што се: Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Туна, 4 Плеј, Бојана Атанасовска...

Нашето досегашно повеќегодишно искуство од реализирање на овој оригинален, автентичен и чисто македонски продукт е повеќе од позитивно, затоа решивме да ја организираме повтроно и оваа година. Во досегашните аудициите на М2 продукција продефилираа околу 12.000 млади момчиња и девојки, а од нив М2 ги одбра најталентираните и им даде единствена шанса да станат вистински музички ѕвезди.

Со гордост констатираме дека денес значаен дел од популарните пеачи на македонската естрада на еден или друг начин биле или сеуште се поврзани со М2 продукција. Овие податоци говортат дека М2 Продукција практично преставува  најголемиот генератор на македонската популарна музика денес кај
нас - изјави на денешната прес-конференција Иво Јанкоски, менаџер на М2 продукција.



Т-Мобиле со задоволство се вклучува и ја поддржува реализацијата на оваа оригинална идеја Потрага по ѕвезда. На ова не гледаме само како проект и потрага по ново име, но повеќе како можност за остварување на сонот на некој млад човек да стане нова ѕвезда на нашата музичка естрада. Преку Потрага по ѕвезда младите ширум цела Македонија ќе имаат можност не само да го покажат својот талент и да се натпреваруваат, туку истовремено и да се забавуваат и споделуваат прекрасни моменти за паметење, што всушност претставува и клучен елемент од нашето бренд ветување Сподели доживувања - изјави Жарко Луковски, извршен директор на T-Mobile.

М2 продукцијата и T-Mobile ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат талент за музика да се пријават и да учествуваат во најголемата аудиција за потрага по нова ѕвезда, која ќе ја збогати македонската музичка сцена. 

Пријавувањето за аудиција започнува од 12-ти ноември 2010-та. Сите заинтересирани за учество можат да се пријават за аудиција со испраќање на СМС порака на телефонскиот број  070 142 515. 

Аудициите ќе се одвиваат во неколку градови:

Охрид - Хотел Силекс (26.11.2010),

Скопје - СЦ Борис Трајковски (27.11.2010),

Битола - Дом на Култура (28.11.2010),

Струмица - Дом на Култура (3.12.2010),

Штип - Дом на Култура (04.12.2010) и

Тетово - Дом на Култура (05.12.2010)

Финалната вечер ќе се одржи во месец Февруари 2011 година во Скопје. Во финалето ќе влезат 10 кандидати, кои  ќе настапат со нови оригинални композиции под продуцентската палка на Дарко Димитров.

Победникот, кој ќе освои најголем број на гласови испратени по СМС пораки, ќе потпише договор со М2 и ќе сними албум и видео-спотови.

Целиот процес на оваа потрага по нова ѕвезда ќе биде снимен и релизиран од Томато продукција, а ќе се емитува на Сител телевизија.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879